Регионална конференција во Црна Гора: Активностите на Врховниот суд – позитивен пример во регионот [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Регионална конференција во Црна Гора: Активностите на Врховниот суд – позитивен пример во регионот

Новости  |  30.9.2024
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, учествуваше на Регионална конференција во Република Црна Гора која се одржа како дел од Регионалниот проект на ОБСЕ за набљудување судски процеси за справување со организираниот криминал и корупција во Западен Балкан, поддржан од Европската Унија.

Претседателката Адеми на Регионалната Конференција се обрати во рамки на тематската дискусија за транспарентноста на правосудните акти и постапки, при тоа презентирајќи ги активностите на Врховниот суд во врска со унапредувањето на транспарентноста.

Во рамки на заедничката дискусија, активностите на Врховниот суд беа истакнати и издвоени како позитивен пример во регионот и во таа смисла беа поздравени како заложби кои носат позитивни промени, го штитат јавниот интерес и даваат исклучителен придонес во борбата против корупцијата.

   

Во своето обраќање, претседателката на Врховниот суд детално ги презентираше континуираните активности и заложби на Врховниот суд за унапредување на транспарентноста, а кои се однесуваат на донесувањето на внатрешните процедури за постапување по предметите од висок јавен интерес, активностите на Советот за отворено судство, одличната соработка со Судско-медиумскиот совет, утврдувањето на начелните ставови за примена на Европската конвенција за заштита на човековите права, за објавувањето на неправосилни судски одлуки, за акредитациите на медиумите и за заштитата на јавниот интерес.

Исто така, претседателката на Врховниот суд ги образложи новините во Деловникот за работа на судот, со кои Општите седници стануваат јавни и со кои се нагласува присуството на новинарите како една од гаранциите за отвореност на судството и јавност во работата на судот, согласно уставните и законските начела и стандардите на ЕСЧП.

Своето обраќање, претседателката Адеми го заокружи со презентација на новата збирка на судски одлуки, посетата на судовите, средбите со четирите апелациони судови и прашањата од јавен интерес кои се наоѓаат пред Општата седница, како што е прашањето со загадувањето на воздухот.

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_