Регионална конференција во Црна Гора: Активностите на Врховниот суд – позитивен пример во регионот
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Регионална конференција во Црна Гора: Активностите на Врховниот суд – позитивен пример во регионот
Претседателката Адеми на Регионалната Конференција се обрати во рамки на тематската дискусија за транспарентноста на правосудните акти и постапки, при тоа презентирајќи ги активностите на Врховниот суд во врска со унапредувањето на транспарентноста.
Во рамки на заедничката дискусија, активностите на Врховниот суд беа истакнати и издвоени како позитивен пример во регионот и во таа смисла беа поздравени како заложби кои носат позитивни промени, го штитат јавниот интерес и даваат исклучителен придонес во борбата против корупцијата.
Во своето обраќање, претседателката на Врховниот суд детално ги презентираше континуираните активности и заложби на Врховниот суд за унапредување на транспарентноста, а кои се однесуваат на донесувањето на внатрешните процедури за постапување по предметите од висок јавен интерес, активностите на Советот за отворено судство, одличната соработка со Судско-медиумскиот совет, утврдувањето на начелните ставови за примена на Европската конвенција за заштита на човековите права, за објавувањето на неправосилни судски одлуки, за акредитациите на медиумите и за заштитата на јавниот интерес.
Исто така, претседателката на Врховниот суд ги образложи новините во Деловникот за работа на судот, со кои Општите седници стануваат јавни и со кои се нагласува присуството на новинарите како една од гаранциите за отвореност на судството и јавност во работата на судот, согласно уставните и законските начела и стандардите на ЕСЧП.
Своето обраќање, претседателката Адеми го заокружи со презентација на новата збирка на судски одлуки, посетата на судовите, средбите со четирите апелациони судови и прашањата од јавен интерес кои се наоѓаат пред Општата седница, како што е прашањето со загадувањето на воздухот.