Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење поднесена од Друштвото за експлоатација и преработка на гранит и мермер КАРИКА ДОО Прилеп преку полномошник Зоран Гичев, адвокат од Штип.
2. Давање мислење по Предлог - Правилник за содржината и начинот на прибирање на податоците за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство во судовите и по Предлог - Правилник за содржината и начинот на прибирање на податоците за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство во јавните обвинителства, доставени од Министерството за правда.
По одржаната расправа, Општата седница:
По првата точка на дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата поднесена од Друштвото за експлоатација и преработка на гранит и мермер КАРИКА ДОО Прилеп преку полномошник Зоран Гичев, адвокат од Штип, за утврдување начелно правно мислење, се отфрла.
По втората точка од дневниот ред, даде позитивно мислење со забелешки за Предлог - Правилникот за содржината и начинот на прибирање на податоците за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство во судовите и за Предлог - Правилникот за содржината и начинот на прибирање на податоците за родово - базирано насилство врз жените и семејното насилство во јавните обвинителства.
Врховен суд на Република Северна Македонија