Меѓународна конференција во Врховниот суд за судската независност, јавната доверба и применувањето на европските стандарди [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Меѓународна конференција во Врховниот суд за судската независност, јавната доверба и применувањето на европските стандарди

Risi  |  22 Nën 2024
Во Врховниот суд на Република Северна Македонија се одржа дводневна меѓународна судската конференција посветена на незвисноста на судството.

Зајакнувањето на судската независност и довербата на јавноста во судството имаат клучна улога за интеграцијата во Европската Унија, беше истакнато на Конференцијата поддржана од Врховниот суд на Република Северна Македонија и организирана од Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со CEELI Институтот и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото во Република Северна Македонија“.

На настанот присуствуваа судии, јавни обвинители, експерти, универзитетски професори и други правни професионалци од Република Северна Македонија, земји од Европската Унија и САД.

На конференцијата се говореше за предизвиците за способноста на судството во Република Северна Македонија да ги исполни стандардите на ЕУ и да изгради доверба во јавноста со фокусирање на одговорноста преку дисциплински мерки, етика, процеси на проверка и обезбедување на независност на судството.

Судството мора јавно и силно да ги изразува своите ставови преку постојан активизам, беше истакнато на значајниот настан. Во таа насока, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, истакна дека судството не смее да биде дистанцирано од своите ставови и заложби туку дека треба јавно, гласно и силно да ги искажува во континуитет.

Судската власт треба да биде единствена, а не поделена, бидејќи со разделеност од какви било побуди не може да се ефектуира неговата уставна положба. Од клучно значење е обезбедување на целосна независност од сите аспекти’, нагласи престедателката Адеми, која ја повика судската фела на единственост и солидарност во име на принципите за независност и владеење на правото, но и во име на граѓаните, човековите слободи и права и заштитата на јавниот интерес.

 

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_