Претседателката Адеми оствари работна средба со судијата на Врховниот суд на Република Бугарија, Калин Калпакчиев
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката Адеми оствари работна средба со судијата на Врховниот суд на Република Бугарија, Калин Калпакчиев
На работната средба се разговараше за важноста од регионалната соработка за прашањата кои се однесуваат на независноста на судството и владеењето на правото, со посебен фокус на потребата од продлабочување на соработката помеѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и Врховниот суд на Република Бугарија.
Претседателката Адеми истакна дека за Врховниот суд на Република Северна Македонија соработката на регионален и меѓународен план има суштинско значење и дека највисокиот суд во државата презема бројни активности кои се засновани на европските заложби и перспективи, особено во поглед на примената на европските стандарди.
Судијата Калпакчиев нагласи дека позитивната работа на Врховниот суд е видлива и дека за правосудните системи и граѓаните во двете земји од големо значење ќе биде унапредувањето на соработката помеѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и Врховниот суд на Република Бугарија.
Во таа насока, на работната средба беше заклучено дека во следниот период двата суда ќе преземат конкретни активности за интензивирање на взаемната соработка како значаен придонес за судските системи и во интерес на владеењето на правото интересите и граѓаните.