Средба на Претседателот на Врховниот суд на РСМ со Шефот на политички и економски оддел на Амбасадата на САД [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на Претседателот на Врховниот суд на РСМ со Шефот на политички и економски оддел на Амбасадата на САД

Соопштенија за јавност  |  08.2.2022
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми оствари работна средба со Шефот на политички и економски оддел на Амбасадата на САД, Кристофер Зимер.

На средбата присуствуваа и Заменикот на претседателот и претседател на Одделот за казниви дела судијата Цветанка Периќ и шефот на Кабинет на претседателот м-р Лидија Таневска Јадровска.

Претседателката Адеми ги претстави активностите на судот во изминатата прва година од својот мандат, како и планираните активности во новата тековна година во врска со функционирањето и работењето на судот.

Беше потенцирана важноста од обезбедување на буџетска и административна самостојност и потребата од кадровско доекипирање со пополнување на составот на судии, како и пополнување на упразнети работни места во судската служба во Врховниот суд на Република Северна Македонија, но и во останатите судови во Република Северна Македонија.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија го запозна Шефот на политички и економски оддел на Амбасадата на САД со донесениот нов Деловник за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

На крајот на средбата, беа афирмирани взаемните заложби за владеење на правото и овозможување услови за функционирање на независно и самостојно судство.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_