Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија оствари работна посета на Апелациониот суд Скопје [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија оствари работна посета на Апелациониот суд Скопје

News, Press realeses  |  Dec 6, 2022
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари работна посета на Апелациониот суд Скопје.

 

Во рамки на посетата беше дискутирано прашањето за остварувањето работни посети од страна на Апелациониот суд Скопје на пониските судови во согласност со членот 24 став 4 од Судскиот деловник и особено дали при посетите на кои се разгледуваат прашањата значајни за работата на конкретен суд се внимава на динамиката на решавање на предметите кои се од јавен интерес.

Во таа насока, претседателката на Врховниот суд истакна дека работната посета треба да се цени низ призмата на грижата на Врховниот суд како повисок суд во врска со потребната динамика за решавање на предметите кои се од посебен интерес на јавноста.

Воедно, беше истакнато дека претседателите на судовите потребно е да ги преземаат сите можни дејствија и мерки за навремено одлучување по кривичните предмети, особено на заостанатите предмети, а со цел спречување на настапување застареност на кривичното гонење.

Исто така, на средбата се говореше и за препораките содржани во Извештајот на Европската комисија, заложбите за унапредување на конзистентноста на судските одлуки, статусот на судиите и за потребата од унапредување на транспарентноста во рамки на активностите и заложбите на Советот за отворено судство.

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_