Прва официјална средба на Претседателот на Врховниот суд со новиот Министер за правда [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Прва официјална средба на Претседателот на Врховниот суд со новиот Министер за правда

Соопштенија за јавност  |  20.1.2022
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми денес во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија оствари прва протоколарна средба со новиот Министер за правда проф.д-р Никола Тупанчески.

На средбата, стана збор за повеќе прашања поврзани со функционирањето и работата на Врховниот суд на Република Северна Македонија како и за актуелните состојби во судството во Република Северна Македонија.

Во таа смисла, се разменија мислења за обезбедување на независност и самостојност во функционирањето на судската власт, за зајакнување на капацитетите на Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисок суд во пирамидата на судската власт, за подобра кадровска екипираност, јакнење на општествениот и материјалниот статус на судиите и судската служба, за афирмирање на мерит - системот, за подобрување на перцепцијата и враќање на довербата на јавноста во работењето на судовите.

На крајот Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Министерот за правда изразија заедничка подготвеност за идна максимална професионална соработка во рамките на законските надлежности, со цел подобрување на состојбите во македонското судство.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_