Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари средба со министерот за правда, Игор Филков
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари средба со министерот за правда, Игор Филков
На средбата се дискутираше за повеќе прашања од областа на правосудството, со посебен акцент на спроведувањето на реформскиот процес, примената на законите и подзаконските акти и потребата од измени на нормативните решенија во согласност со заложбите за унапредување на правосудниот систем.
Претседателката Адеми истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија во континуитет презема активности за унапредување на ефикасноста, транспарентноста, јавната доверба, примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права и унапредувањето на судската практика.
Министерот Филков ги нагласи реформските чекори насочени кон градење на транспарентен и ефикасен правосуден систем и интензивните активности кои се преземаат на тој план.
Во таа насока, на средбата се истакна значењето од взаемната соработка во спроведувањето на реформскиот процес согласно стратешките определби на државата и принципите на владеењето на правото.