Соопштение од одржана седница на Одделот за судска практика
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана седница на Одделот за судска практика
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Предлог Записник од седницата на Одделот за судска практика, одржана на ден 08.11.2021 година;
2. Разгледување на извештаите за работата на судските оддели за месеците октомври, ноември и декември 2021 година;
3. Известување за одржани работни средби на кои е дискутирано за можностите и начинот на евидентирање и пребарување на судската практика на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
4. Разно.
По одржаната расправа:
▪ По првата точка од Дневниот ред, се усвои Записникот од седницата на Одделот за судска практика, одржана на ден 08.11.2021 година;
▪ По втората точка од Дневниот ред, се разгледаа и се усвоија извештаите за работата на судските оддели за месеците октомври, ноември и декември 2021 година.
▪ По третата точка од Дневниот ред, се разгледаа извештаите за одржаните работни средби и се дискутираше за можностите и начинот на евидентирање и пребарување на судската практика на Врховниот суд на Република Северна Македонија.