Претседателката на Врховниот суд учестуваше на стручна расправа посветена на измените на Законот за Судскиот совет
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд учестуваше на стручна расправа посветена на измените на Законот за Судскиот совет
Нa денешната дебата претседателката на Врховниот суд го истакна значењето од организацијата на стручните дебати како суштински расправи за измените на Законот за Судскиот совет во согласност со препораките на Оценската мисија.
Во таа насока, претседателката Адеми истакна дека новите законски решенија потребно е да ги надминат законските слабости, но и дека клучна улога во обезбедувањето и гарантирањето на независноста на судската власт е доследното почитување на принципите на стручност, етичност, независност и професионалност.
Воедно, претседателката на Врховниот суд ја нагласи важноста од доследното почитување на начелото на поделба на власта и на улогата и положбата на Врховниот суд која како највисок суд во државата во континуитет дава придонес за креирањето на прописи кои ќе ги прокламираат европските стандарди и вредности.