Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел

Новости  |  04.10.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари протоколарна средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел.

На средбата претседателката Адеми и посака успешна дипломатска мисија на амбасадорката Џанел, изразувајќи благодарност за големата и континуираната поддршка која ја дава Кралството Холандија на Република Северна Македонија, особено во делот на судството и владеењето на правото.

Амбасадорката Џанел го истакна значењето на владеењето на правото за европските аспирации на Република Северна Македонија, нагласувајќи дека Врховниот суд на Република Северна Македонија со своите активности и положба има суштинска улога за целокупниот правосудниот систем.

Претседателката Адеми нагласи дека Врховниот суд во таа насока вложува големи напори и презема интензивни активности кои се однесуваат на унапредувањето на ефикасноста, транспарентноста, конзистентноста на судската практика согласно практиката на Европскиот суд за човековите права, придонесот во реформскиот процес и потребните законски измени, јакнењето на јавната доверба, развојот на правната култура согласно принципите на интегритет и отчетност и применувањето на европските стандарди како гаранција за квалитетот на правдата.

На средбата беше акцентирано дека соработката и заедничките заложби ќе продолжат да се развиваат во насока на остварување на заедничките цели и високи приоритети за владеење на правото засновано на начелата и европските стандарди за независно судство како клучни постулати за остварување на европската реформска агенда.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_