Во Врховниот суд се одржа завршната стручна расправа за измените на Законот за Судскиот совет
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Во Врховниот суд се одржа завршната стручна расправа за измените на Законот за Судскиот совет
„Една од заложбите на Врховниот суд на Република Северна Македонија е законските решенија кои се донесуваат на судството и на Судскиот совет е да се подготват низ инклузивен процес, во кој ќе бидат интегрирани и мислењата и предлозите на судиите. Од тие причини, организацијата на овие настана од страна на Министерството за правда е за поздрав“, истакна претседателката Адеми во своето обраќање.
„Прашањето за измените на Законот за судскиот совет е едно од клучните прашања од законодавен аспект. На тоа Врховниот суд постојано укажува и преку јавно искажаните ставови, како и преку доставените мислења и предлози на Општата седница како највисок судски форум“, нагласи престедателката Адеми.
Целта на законските измени е да се изнајдат најдобрите решенија со кои ќе се надминат констатираните слабости, кои ќе бидат во согласност со препораките на Оценската мисија и ќе обезбедат доследност во исполнувањето на основните начела на владеењето на правото.
„Токму начелата за независност на судството, отчетноста, заштитата на угледот на судството, интегритетот на судиите, заштитата од несоодветните влијанија, правната сигурност и принципите на Европскиот суд за човековите права треба да се суштинската основа на законските измени“, истакна Адеми.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија преку Општата седница ќе даде силна поддршка на сите законски измени кои се гаранција за доследното почитување на европските стандарди и за иднината на судството, државата и нејзините граѓани“, додаде претседателката Адеми.