Претставник на Врховниот суд учествуваше на Отварањето на судската 2022 година на Меѓународниот кривичен суд во Хаг
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претставник на Врховниот суд учествуваше на Отварањето на судската 2022 година на Меѓународниот кривичен суд во Хаг
Press realeses
|
Jan 21, 2022
Претставник на Врховниот суд на Република Северна Македонија, судија д-р Мирјана Лазарова Трајковска учествуваше на свечено Отварање на судската 2022 година на Меѓународниот кривичен суд, со седиште во Хаг, одржано на 20 јанури 2022 година, во виртуелен формат.
Во рамки на свеченоста по повод Отварањето на судиската 2022 година организиран е Четвртиот судски семинар на Меѓународниот кривичен суд во Хаг на тема “Механизми за дисциплинска одговорност кои се применуваат врз судиите“, на кој се овозможи богата размена на мислења и искуства на тема која е релевантна за сите чинители во судството, а особено актуелна за Судот во Хаг во поглед на препораките за измена на постоечкиот дисциплински систем.
На семинарот, покрај судии на Меѓународниот кривичен суд, присуствуваа 88 учесници од кои 60 судии од меѓународни, регионални и национални судови.