Обраќање на Претседателот на Врховниот суд на Конференцијата „Судството во Северна Македонија по реформскиот процес“
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Обраќање на Претседателот на Врховниот суд на Конференцијата „Судството во Северна Македонија по реформскиот процес“
Честитајќи го Денот на правосудството од свое и од име на Врховниот суд, претседателот на Врховниот суд истакна дека судовите и судиите се исправени пред предизвикот на континуирано градење и одржување современ и ефикасен судски систем и систем со доверба на јавноста.
„Повеќе од потребно е сите заедно да демонстрираме непоколеблива заложба за унапредување на судството и зајакнување на довербата на јавноста. Примарен интерес и цел на секоја држава која претендира да биде држава со полн демократски капацитет треба да претставува грижата за обезбедување на суштинската независност, непристрасност, авторитет, достоинство и адекватно позиционирање на судската власт во системот на поделба на власта“, истакна, меѓудругото, претседателот на Врховниот суд Беса Адеми во своето обраќање.