Обраќање на Претседателот на Врховниот суд на Конференцијата „Судството во Северна Македонија по реформскиот процес“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Обраќање на Претседателот на Врховниот суд на Конференцијата „Судството во Северна Македонија по реформскиот процес“

Соопштенија за јавност  |  31.3.2022
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, денеска присуствуваше и се обрати на Регионалната конференција на тема „Судството во Северна Македонија по реформскиот процес“, која на Денот на правосудството ја организираше Здружението на судии.

Честитајќи го Денот на правосудството од свое и од име на Врховниот суд, претседателот на Врховниот суд истакна дека судовите и судиите се исправени пред предизвикот на континуирано градење и одржување современ и ефикасен судски систем и систем со доверба на јавноста.

„Повеќе од потребно е сите заедно да демонстрираме непоколеблива заложба за унапредување на судството и зајакнување на довербата на јавноста. Примарен интерес и цел на секоја држава која претендира да биде држава со полн демократски капацитет треба да претставува грижата за обезбедување на суштинската независност, непристрасност, авторитет, достоинство и адекватно позиционирање на судската власт во системот на поделба на власта“, истакна, меѓудругото, претседателот на Врховниот суд Беса Адеми во своето обраќање.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_