Претседателот на Врховниот суд со поздравно обраќање на Меѓународната научна конференција на Универзитетот на Југоисточна Европа [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд со поздравно обраќање на Меѓународната научна конференција на Универзитетот на Југоисточна Европа

Соопштенија за јавност  |  28.2.2022
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми, на 26.02.2022 година, на покана на Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа академик проф. Абдулменаф Беџети, поздравно се обрати на Меѓународната научна конференција на тема: „Владеење на правото во земјите на Западен балкан во придонес кон иднината на Европа“.

Во своето обраќање, претседателката Адеми го истакна значењето на владеењето на правото како приоритет во агендата на судството во Република Северна Македонија во процесот кон Европската интеграција на нашата земја, а се осврна и на улогата на Врховниот суд на Република Северна Македонија во следењето и примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како и обезбедувањето единство во примената на законите од страна на судовите со цел обезбедување на правна сигурност и правна предвидливост во заштитата на правата на граѓаните.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_