Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  28.2.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 28.02.2022 година (понеделник), одржа електронска седница на Одделот за граѓански дела преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 22.12.2021 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец ноември, декември 2021 година и јануари 2022 година;

3. Усвојување на Предлог-Извештај за работа на Одделот за граѓански дела за 2021 година;

4. Усвојување на Предлог-Програма за работа на Одделот за граѓански дела за 2022 година;

5. Разгледување на барањето на подносителот Национални Шуми за воедначено судење по однос на прашањето дали на вработените во ЈП Национални шуми Скопје им припаѓа право на надомест на име теренски додаток во услови кога вработените извршуваат работи и работни задачи на работно место во расадник, кое работно место се извршува на терен;

6. Расправа по дописот на Претседателот на Апелациониот суд Битола, со кој се доставува барање за воедначување на судската практика по однос на прашањето дали адвокатското друштво може да има активна легитимација за водење на спор по основ на претходни побарувања од страна на основачите на истото, во состојба кога овие основачи со ниту еден акт своето побарување кое го стекнале како адвокат поединец не го пренеле на адвокатското друштво;

7. Разно;

 

По одржаната расправа:

По однос на првата точка на дневниот ред, Одделот го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 22.12.2021 година;

По однос на втората точка на дневниот ред, Одделот го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец ноември, декември 2021 година и јануари 2022 година;

По однос на третата точка од дневниот ред, Одделот го усвои Извештајот за работа на Одделот за граѓански дела за 2021 година;

По однос на четвртата точка од дневниот ред, Одделот ја усвои Програмата за работа на Одделот за граѓански дела за 2022 година;

По однос на петтата точка од дневниот ред, Одделот заклучи дека нема потреба да расправа по правното прашање со оглед дека на заедничка средба на Граѓанските оддели на апелационите судови Скопје, Битола, Гостивар и Штип, донесен е едногласен заклучок за правното прашање;

По однос на шестата точка од дневниот ред, Одделот утврди правно мислење кое ќе биде објавено на веб страната на Врховниот суд на Република Северна Македонија;

 

 

 

                                                            Врховен суд на Република Северна Македонија

                                                                                    Оддел за граѓански дела

 

                       

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_