Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со Претседателот на Адвокатската комора [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со Претседателот на Адвокатската комора

Новости  |  06.3.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари работна средба со Претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Љубомир Михајловски.

 

 

На работната средба во Врховниот суд на Република Северна Македонија се дискутираше за прашања кои се однесуваат на потребните законски измени согласно новата Стратегија за реформи на правосудниот сектор, доследното почитување на принципот на еднаквост на оружјата и применувањето на Законот за кривичната постапка, како и за повеќе актуелни прашања за примена на Законот за парничната постапка и законите за адвокатурата и нотаријатот.

 

Претседателката на Врховниот суд и Претседателот на Адвокатската комора истакнаа дека соработката меѓу правосудните институции придонесува кон унапредување на правосудниот систем и владеењето на правото и дека во иднина неопходно е таква соработка да се продлабочува особено од аспект на реформските процеси.
 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_