Претседателката на Врховниот суд со поздравно обраќање на свечениот настан по повод Деновите на македонската адвокатура [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд со поздравно обраќање на свечениот настан по повод Деновите на македонската адвокатура

Новости  |  05.6.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, се обрати на настанот „Денови на македонската адвокатура“, кој го организираше Адвокатската комора на Република Северна Македонија по повод Денот на македонската адвокатура.

Од борбата на плејадата правници и адвокати за правда и човекови права и слободи, преку Повелбата за устројството на редовните народни судови и Актот со кој се втемели македонската адвокатура, па се до денес, адвокатите и Адвокатска комора стојат силно на браникот на владеењето на правото. Адвокатурата е уставна категорија, дефинирана како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон. Самостојноста и независноста на адвокатурата како јавна служба се остварува со слободно и независно вршење на адвокатската дејност, слободен избор на адвокатот и организирање на адвокатите во Адвокатска комора“, истакна претседателката Адеми.

Претседателката на Врховниот суд нагласи дека согласно член 37 од Законот за судовите Врховниот суд на Република Македонија на општа седница утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единството со примената на законите, меѓу другото, и по иницијатива на адвокати.

Во оваа смисла, би сакала да истакнам дека адвокатите се мошне активни во поднесувањето на иницијативите до Врховниот суд. Иницијативите се квалитетни и содржински, подготвени на начин преку кој се отвораат суштински прашања кои се однесуваат на судската практика и на обезбедувањето на единството во примената на законите. Исто така, улогата на адвокатите е рефлектирана и низ корпусот на принципи за правичното судење, кои не само што претставуваат европски и современи стандарди, туку и цивилизациски придобивки“, истакна претседателката Адеми.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_