Претседателката на Врховниот суд се обрати на Конференцијата за препораките на Оценската мисија за реформите во Судскиот совет [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд се обрати на Конференцијата за препораките на Оценската мисија за реформите во Судскиот совет

Новости  |  10.10.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, се обрати на Конференцијата посветена на препораките на Оценската мисија за реформи на Судскиот совет, во организација на Институтот за човекови права.

      

 

Претседателката Адеми во своето обраќање истакна дека за препораките на Оценската мисија од круцијално значење е самата динамика и континуитет на нивното спроведување.

Овие препораки непосредно се поврзани и со принципите на владеењето на правото. Транспарентниот пристап кон овие прашања, засновани на јавна и стручна дискусија ќе дадат голем придонес за нивното спроведување. Препораките се основата за потребните реформи на Судскиот совет и тие треба да се гледаат и низ призмата на европскиот пат на државата. Во тоа е нивната суштина и цел. Од тие причини од круцијално значење е самата динамика и континуитет на нивното спроведување.

Но, треба секогаш да се има предвид дека промените носат предизвици за кои е потребно доследно почитување на принципите за независно судство, искрени намери засновани на етичност и совесност и многу посветеност и храброст. Потребен е поттик за промена на правната култура бидејќи принципите треба да се жива практика, а не декларативни зборови.

Врховниот суд на Република Северна Македонија има јасна визија и заложби за независноста на судството. Транспарентноста, интегритетот, стручноста, заштитата на човековите права, заштитата на јавниот интерес и јавната доверба се основните постулати во работата на Врховниот суд.

Само со почитувањето и со применувањето на овие постулати и принципи и доследното почитување на уставното начело на поделба на власта може да се обезбеди вистинска независност на судството.

За сите овие прашања укажав и при посетите на пониските судови. Мило ми е што ваквите посети се инспирација и охрабрување, како за судовите, така и за другите правосудни институции“, посочи претседателката на Врховниот суд во своето обраќање.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_