Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Разгледување и усвојување на Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 12.07.2022 година;
2. Разгледување и усвојување на Извештаите за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месеците јули и август 2022 година;
3. Разгледување на претставка поднесена од Адвокатско друштво Лазов Бадева Адвокати од Скопје;
4.Разно.
По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:
По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 12.07.2022 година;
По втората точка на дневниот ред, ги усвои Извештаите за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месеците јули и август 2022 година;
По третата точка од дневниот ред, донесе заклучок дека наводите од претставката не произлегуваат од списите во предметот.
Врховен суд на Република Северна Македонија
Оддел за граѓански дела