Претседателката на Врховниот суд со обраќање на Советувањето „Судски денови“ кое се одржа во Република Србија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд со обраќање на Советувањето „Судски денови“ кое се одржа во Република Србија

Новости  |  27.5.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, се обрати на судиското советување „Судски денови“ кое се одржа во Република Србија и на кое присуствуваа претседателите на врховните судови од регионот.

 

Во своето воведно обраќање претседателката Адеми го истакна значењето на регионалната соработка и дека само преку соработката на меѓународен план судствата можат цврсто да ја одбранат заедничката цел - независност на судството и владеење на правото.

Ваквата размена на мислења и искуства не само што суштински ги унапредува принципите на судското резонирање и аргументација, туку и ја зајакнува меѓународната соработка и комуникација. Прашањата за судиското поведение и постапување мора почесто да бидат разгледувани на стручните расправи бидејќи произлегуваат од прифатените универзални вредности. Токму овие вредности се предуслов за доверба во судството. Квалитетот на судските одлуки, интегритетот и стручноста на судиите се најсилниот столб на владеењето на правото. Почитувањето на овие принципи говори за тоа колку едно судство е правично, но и современо“, истакна Адеми.

Судиите и судствата мора да бидат солидарни. Споделуваме исти правни вредности и исправени сме пред исти предизвици. Соработката мора да продолжи и постојано да се унапредува“, нагласи претседателката на Врховниот суд.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_