Средба со aмбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба со aмбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија
Новости
|
15.7.2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 12 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со Н.Е. г-дин Емилио Лоренцо Сера, амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија.
На средбата се дискутираше за пријателските односи помеѓу двете земји, реформите во правосудниот сектор на Република Северна Македонија и поддршката на Кралството Шпанија во евроинтегративниот процес на нашата држава.
Соговорниците се согласија дека воспоставените добри пријателски односи треба да се негуваат и да се унапредуваат и во делот на правосудството.