Врховниот суд на Република Северна Македонија и Правниот факултет „Јустинијан Први“ склучија Меморандум за соработка [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд на Република Северна Македонија и Правниот факултет „Јустинијан Први“ склучија Меморандум за соработка

Новости  |  23.12.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, и деканот на Правниот факулет „Јустинијан Први“, проф. д-р Сашо Георгиевски, денеска во Врховниот суд потпишаа Меморандум за соработка.

Со склучениот Меморандум се унапредува соработката на Врховниот суд и на Правниот факултет „Јустинијан Први“ преку вклученост на судиите во стручниот дел на наставата, учество на наставниот кадар на факултетот за прашања пред Општата седница, организирање на конференции, семинари, работилници, тркалезни маси, заедничко изготвување на анализи, стручни и научни мислења и истражувања и размена на информации.


Исто така, соработка ќе се унапреди во делот на подготовка и насочување кон избор на можни теми за изготвување на практични и апликативни магистерски и докторски тези на теми кои се релевантни за развој и унапредување на владеењето на правото и правосудството, како преку овозможување на практикантска и волонтерска работа во Врховниот суд.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, истакна дека соработката со Правниот факултет „Јустинијан Први“ има исклучително значење, за што говори и фактот дека универзитетските професори даваат голем придонес во работата на Општата седница, која е отворена за стручната и пошироката јавност.


Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф.д-р Сашо Георгиевски нагласи дека и Правниот факутет и Врховниот суд имаат заеднички заложби за владеењето на правото и дека потребна е единственост на теоријата и практиката, особено во поглед на правната доктрина.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_