Претставници од Врховниот суд на Регионална конференција за евидентирањето на статистичките податоци за конфискуван имот
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претставници од Врховниот суд на Регионална конференција за евидентирањето на статистичките податоци за конфискуван имот
Претставници од Врховниот суд на Република Северна Македонија на 13 и 14 јуни 2022 година во Сараево, учествуваа на Регионална конференција на тема „Постигнување точно, стандардизирано евидентирање на статистичките податоци за конфискуван имот во кривичните постапки“, во организација на Регионалната антикорупциска инциjатива и АИРЕ Центарот од Лондон.
На конференцијата учествуваа експерти за статистика со управување на одземениот имот, судии, јавни обвинители од Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Црна Гора и Србија.
Со свое излагање во врска со практичните искуства за одземање незаконито стекнат имот согласно стандардите на Европскиот суд за човековите права, се обрати судијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска.