Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рк
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рк
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на предлог - записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок, одржана на ден 30.09.2024 година.
2. Разгледување и усвојување на Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок, за месеците: август, септември и октомври 2024 година.
3. Разно.
По одржаната расправа:
По првата точка од дневниот ред, се усвои Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 30.09.2024 година;
По втората точка од дневниот ред, се разгледа и се усвои извештајот за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок, за месеците: август, септември и октомври 2024 година.
По третата точка од дневниот ред, помеѓу членовите на Одделот се отвори дискусија по однос на предметите оформени по барања за заштита на правото на судење во разумен рок, за кои списите по основниот предмет се чуваат во писарницата на одделот, се до завршување на жалбената постапка, а за кои по иземањето на одделни членови од жалбениот совет, констатирано е дека не може да се формира совет кој ќе постапува по изјавената жалба, особено по предметите кои се уште се во работа пред основните судови. По обемната дискусија на членовите на Одделот, едногласно е донесен интерен заклучок за постапување со списите по предметите кои не се завршени односно за кои постапката е во тек.