Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  20.9.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи седница на Одделот за граѓански дела на ден 23.09.2024 година (понеделник), со почеток во 13:00 часот, со следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 18.06.2024 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец мај, јуни и јули 2024 година;

3. Продолжување со расправа и утврдување текст на правно мислење во врска со правното прашање дали претставува суштествена повреда на парничната постапка од член 343 став 1 во врска со член 246 од Законот за парничната постапка, ако судот определи супервештачење во услови кога нема две спротивставени вештачења (точката е одложена од седницата одржана на ден 27.11.2023 година;

4. Расправа по барањето на адвокат Цветозар Ристески од Струга, за донесување на правно мислење за примена на одредбите за долг-закупнина и за надомест на штета;

5. Расправа по барањето на Марјанчо Веселиновски од Делчево, за донесување на правно мислење во врска со Законот за експропријација по однос на прашањето дали објектите Големите трговски единици се објекти од јавен интерес и дали врз основа на урбанистички план со кој е планирана градба на Големи трговски единици може да се изгуби сопственост на земјиштето.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_