Денови на судската солидарност во Врховниот суд и презентација на извештаите од посетите на сите судови во државата [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Денови на судската солидарност во Врховниот суд и презентација на извештаите од посетите на сите судови во државата

News  |  Dec 3, 2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 29.11.2024 година пред претседателите на пониските судови ги презентираше Извештаите од посетите на сите судови во државата.

  

Во пресрет на Денот на човековите права, Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе биде носител на традицијата за воспоставување на Денови на судската солидарност кои традиционално ќе се одржуваат во Врховниот суд на Република Северна Македонија, истакна претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Преку истакување на судската солидарност најдостоинствено ќе упатиме заедничка порака до јавноста дека судството е еден од столбовите на државноста. Не може да постои правна држава, ниту владеење на правото без независно судство.Гласот на судиите и на судската администрација мора да биде видлив“, истакна претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија во рамки на настанот организаран по повод презентацијата на Извештаите од посетите на сите судови во државата.

Претседателката Адеми истакна дека со оставарените посети на судовите се овозможи непосреден увид на состојбите во судовите.

Во таа смисла, Врховниот суд на непосреден начин се информираше за проблемите со кои се соочуваат судовите и кои предизвикуваат реперкусии во нивното функционирање.

Воедно, посетите имаа за цел да се унапреди соработката помеѓу судовите во Република Северна Македонија, заснована на законските и меѓународни принципи за независност на судството од законски, функционален и финансиски аспект“, истакна Адеми.

Во таа насока, во рамки на посетите особено беше истакната потребата од континуирана и взаемна соработка и комуникација, потребата од ефикасно и ажурно постапување по предметите, особено по предметите од висок јавен интерес и донесувањето на внатрешни процедури за работата на судовите“, истакна Адеми.

Исто така, при посетите се акцентираа прашањата за унапредувањето на транспарентноста согласно начелата за отворено судство, ажурното и иновативно подготвување на проектите за капитални инвестиции, континуираното преземање дејствија согласно правилата за архивско работење, применувањето на правилникот за начинот на функционирање на информатичкиот систем во судовите и надминување на проблемите со човечките ресурси“, додаде претседателката на Врховниот суд.

Претседателката Адеми ги извести претседателите на пониските судови дека за извештаите согласно законските и деловничките надлежности ја известила Општата седница и дека истите ќе бидат доставени до релевантните институции.

Во рамки на настанот беше заклучено дека посетата на судовите од страна на претседателот на Врховниот суд ја зајакнуваат судската солидарност и даваат јасни податоци и насоки за унапредување на состојбите во целокупното судство.

Извештаите од посетата на судовите може да се преземат на следниот линк.

 

  

   


Decision search

Court
Case number
Date
_