Соопштение од одржана Седница на судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Седница на судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 3.02.2023 година одржа Седница на судии, на која се разгледаа предлозите во Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор за 2023-2027 година и Планот за активности во согласност со Националната Стратегијата за спречување на корупцијата и судир на интереси 2021-2025 година и со Препораките во Извештајот на Европската Комисија.
Седницата на судии ги поддржа предлозите во Нацрт-стратегијата кои се во насока на унапредување на состојбата во судството и зајакнување на положбата и улогата на Врховниот суд како највисок суд во државата и Планот за активности во согласност со Националната Стратегијата за спречување на корупцијата и судир на интереси 2021-2025 година.
Планот за активности донесен од страна на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија се однесува на афирмацијата и примената на Кодексот за етика на судиите, континуираните активности во врска со Извештајот на Европската Комисија, ефикасното постапување по предметите од јавен интерес и унапредувањето на транспарентноста во согласност со активностите на Советот за Отворено Судство.