Претседателот на Врховниот суд оствари средба со Висока регионална координаторка за Европа од Партнерство за отворена власт
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателот на Врховниот суд оствари средба со Висока регионална координаторка за Европа од Партнерство за отворена власт
На средбата, стана збор вклученоста на Врховниот суд на Република Северна Македонија во Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт 2021-2023, поттикнување на транспарентноста и отвореноста на работата на судовите, воспоставување на јасни структурирани и трајни механизми за постојан дијалог меѓу властите и граѓанското општество.
Во таа смисла, се разговараше за следните чекори во основање на Советот за отворено судство чие функционирање ќе придонесе за подобрување на перцепцијата и враќање на довербата на јавноста во работењето на судовите.
На крајот се изрази заедничка подготвеност за продолжување на професионална соработка, со цел подобрување на транспарентното работење во судовите во Република Северна Македонија.