Претседателката на Врховниот суд се обрати на завршниот настан за препораките за подобрување на состојбите во правосудството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд се обрати на завршниот настан за препораките за подобрување на состојбите во правосудството

Новости  |  19.9.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, се обрати на завршниот настан за препораките и Акцискиот план за подобрување на состојбите во правосудството, реализиран во рамки на проектот спроведен од Коалицијата „Сите за правично судење“ и поддржан од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

 

Документот за јавни политики за кој говориме денес точно ја отсликува состојбата во судството и правосудството и што е потребно да се преземе на тој план. Ќе се согласиме дека потребно е да се преземат многу активности и мерки, истакна претседателката на Врховниот суд.

Најпрво, потребно е конечно да се слушне гласот на судството. Да се слушнат размислувањата и предлозите на судската фела. Проблемите не се решаваат со наметнување или пак со прифаќање на молк, напротив, аргументациите на судиите со интегритет и став се доволно гласни и јасни да укажат на состојбите кои ги кочат и идеите и процесите.

Во оваа смисла, недозволиво е да се носат законски измени, кои се непосредно или посредно поврзани со судството, како што беше примерот со Кривичниот законик, без да се чуе мислењето на судиите.

Или како што истакнува една од препораките во документот, потребна е целосна вклученост на судиите во процесите во врска со измена на регулативата.

Тоа не само што предизвикува нетранспарентност на процесот, туку и несакани реперкусии од аспект на владеењето на правото. Но, независноста на судството се брани и со обезбедувањето на неговата финансиска независност“, истакна Адеми.

Една од препораките ја нагласува важноста на осамостојување и зголемување на судскиот буџет, односно дека е потребно да се направат измени во позитивните прописи со цел реализацијата на судскиот и јавнообвинителскиот буџет да не зависи од претходно добиени одобренија и согласност од органи на извршната власт.

Неспорно е додека судството е финансиски зависно од другите власти не можеме да говориме ниту за доследно почитување на уставното начело на поделба на власта.

Додека судството се бори со проблемот од недостиг на судии и судска администрација, не можеме да говориме за почитување на уставната и законската положба на судството.

Човековите ресурси се столбот на функционалноста и гаранција дека целите на судството, утврдени со Уставот и со законот за судовите ќе бидат исполнети онака како што наложуваат принципите на независно, ефикасно и отчетно судство“, псочи претседателката на Врховниот суд во своето обраќање.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_