Врховниот суд и Министерството за внатрешни работи склучија договор за соработка и побрзо користење на електронските услуги [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд и Министерството за внатрешни работи склучија договор за соработка и побрзо користење на електронските услуги

Новости  |  30.1.2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи склучија договор за соработка, размена на податоци во електронска форма и побрзо користење на електронските услуги.

 

 

Целта на договорот е воспоставување на меѓу институционална соработка во врска со размената на податоци во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност и во согласност со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по потпишувањето на договорот истакнаа дека преку взаемните активности ќе се овозможи користење на електронските услуги и размената на податоци заради побрзо, побезбедно и поефикасно остварување на услугите како значаен аспект на дигитализацијата и интероперабилноста во правосудниот сектор.

Во таа насока, на средбата беше истакнато дека во иднина ќе се интензивира соработката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи како важен придонес во интерес на граѓаните, владеењето на правото, борбата против корупцијата и јавната доверба.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_