Врховниот суд одржа Општа седница во врска со правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд одржа Општа седница во врска со правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот

News  |  Jul 11, 2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска одржа Општа седница со присуство на претставници на јавните гласила на која се расправаше за прашањето во врска со правото на здрава животна средина, по поднесена Иницијатива за утврдување на начелно правно мислење и начелен став од Адвокатско друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски од Охрид.

 

 

На Општата седница беше истакнато дека постои потреба од утврдување на начелен став во врска со повредата на правото на здрава животна средина, односно колку Републиката обезбедува, односно не обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина, особено во делот на загадувањето на воздухот.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, нагласи дека прашањето кое е предмет на расправа е прашање од висок јавен интерес и дека Врховниот суд е исправен пред предизвикот да расправа и одлучува за прашање кое е од суштинско и енормно значење за граѓаните во смисла на заштитата на нивното право на здрава животна средина.

Улогата на Врховниот суд да е обезбеди единство во примената на законите, преку Општата седница и на тој начин да обезбеди правна сигурност и правна предвидливост во согласност со уставната темелна вредност Владеење на правото. Правото на здрава животна средина е загарантирано со Уставот на Република Северна Македонија во членот 43 според кој, секој човек има право на здрава животна средина и секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина. Според оваа уставна одредба, обврска на Републиката е на своите граѓани да им обезбеди услови за остварување на правото на здрава животна средина“, истакна Адеми.

Судиите д-р Џемали Саити, д-р Мирјана Лазарова Трајковска и м-р Сафет Кадрии истакнаа дека Општата седница расправа за прашање кое е многу важно прашање од висок јавен интерес за правото на граѓаните на здрава животна средина. Ова актуелно прашање заслужува поширока дебата со подлабока анализа, пред кое е исправена не само нашата држава, кога станува збор за преземање мерки и заштита од загрозување на човековите права.

Во таа насока, на Општата седница беше истакнато и значењето на судската практика на Европскиот суд за човековите права која не се поврзува само во заштитата на индивидуалните, туку со правата на целокупното население.

Европскиот суд за човековите права ги охрабрува националните судови во ситуација на недореченост на законите, да покажат ширина во толкувањето и примената на законските одредби, со цел да се прати порака за позитивна обврска на државите да се заштити животот и здравјето на граѓаните.

Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, поаѓајќи од потребата за утврдување на начелен став, како и од потребата за поширока јавна дебата, донесе заклучок во рамки на расправата да се повикаат и преставници од академската заедница и стручната јавност, а во насока на инклузивност на стручната и транспарентната расправа.

 

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_