Претседателката на Врховниот суд се обрати на Конференцијата за спроведувањето на препораките на Оценската мисија на ЕУ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд се обрати на Конференцијата за спроведувањето на препораките на Оценската мисија на ЕУ

News  |  Jul 8, 2024
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, се обрати на Конференција на тема:„Напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската Мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, поддржана и финансирана од Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

 

Претседателката на Врховниот суд истакна потребен е силен институционален капацитет за спроведување на реформите и препораките на Оценската мисија на Европската Унија, која мошне прецизно ги детектираше проблемите кои се рефлектираа низ целиот судски систем.

Општествен консензус е дека висок приоритет се прашањата за исполнуваето на препораките на Оценската мисија кои се однесуваат на реформирањето на Судскиот совет и измените на Законот за Судскиот совет, потоа за новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор и за зајакнувањето на довербата на граѓаните во правосудството. Сите овие прашања се поврзани со независноста на судството. Тие се фокусирани и кон прашањата за начинот на кој судиите се заштитени од несоодветни влијанија, самостојноста во нивното одлучување и отвореноста кон јавноста“, истакна Адеми.

Но, Оценската мисија нагласува дека успехот на реформите нема да зависи само од законските измени, туку дека штом измените ќе се заокружат ќе биде потребна чесна имплементација и целосно почитување на принципите на интегритет, одговорност, транспарентност и етичко однесување на членовите кои треба да ја отфрлат секоја форма на внатрешно или надворешно влијание. Членовите на Судскиот совет мора да постапуваат согласно највисоките етички стандарди утврдени во Етичкиот кодекс. Само успешни реформи ќе ја подигнат довербата на јавноста и ќе придонесат кон подобрување на ефикасноста и професионалноста на судството“, додаде претседателката на Врховниот суд.

Адеми нагласи дека од аспект на јавноста, потребно е да се истакне дека токму транспарентноста е принципот кој го заштитува интегритетот на судството.

Транспарентноста мора постојано да се унапредува бидејќи преставува најсилната гаранција за отвореноста на судството кон граѓаните, но и за враќање на јавната доверба. Од тие причини, Оценската мисија нагласува дека главен предизвик за Судскиот совет е да ја врати довербата на граѓаните во судството. Треба да се има предвид дека преку јавноста се влучува алармот за сите обиди за нарушување на судската независност“, подвлече претседателката на Врховниот суд.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_