Претставници на Врховниот суд учествуваа на Регионален форум за владеење на правото во Тирана
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претставници на Врховниот суд учествуваа на Регионален форум за владеење на правото во Тирана
Тема на Форумот на кој учествуваа судијката Мирјана Лазарова Трајковска и судијата Африм Фидани од Врховниот суд беше посветена на прашањето за човековите права за време на вонредна состојба и за улогата на судството во согласност со Европската конвенција.
Во таа насока, на Форумот се говореше за инклузивната демократија и владеењето на правото во време на криза, за судската контрола на вонредните мерки и за идните подобрувања на судството во врска со примената на Конвенцијата.
На Форумот беше истакната важноста од имплементацијата на Европската конвенција за човекови права на домашно ниво, поттикнувањето на регионалната соработка како значаен придонес во развојот на владеењето на правото и давањето поддршка во процесот на интеграција на регионот во ЕУ.