Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители

Risi  |  15 Nën 2024
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска Стрезоски и со заменик директорот на Академијата, Илир Исени.

 

На работната средба се дискутираше за повеќе прашања кои се однесуваат на програмските определби и активности на Академијата во поглед на континуираната правна едукација како значаен фактор и продонес за професионално, независно, непристрасно и ефикасно извршување на судиската функција.

Во таа насока, на средбата се говореше и за Конференцијата која ќе се одржи во Врховниот суд на Република Северна Македонија, а се однесува на зајакнувањето на судската одговорност, независноста и довербата на јавноста.

Претседателката Адеми истакна дека одржувањето на Конференцијата за која Врховниот суд дава целосна поддршка преставува една од најзначајните настани во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со CЕELI Институтот.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители и заменик директорот на Академијата истакнаа дека одржувањето на Конференцијата во највисокиот суд во државата говори за важноста за настанот и ја потенцира улогата и придонесот на Врховниот суд на Република Северна Македонија во правосудниот систем на Република Северна Македонија.

Во тој контекст, на средбата беше истакнато дека од Конференцијата ќе произлезат суштински заклучоци и одговори за предизвиците на судството во врска исполнување на европските стандарди, како и за градењето на независно и транспарентно судство како предуслов за јакнење на јавната доверба.

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_