Обраќање на Претседателот на Врховниот суд на РСМ, Беса Адеми, на Конференцијата за унапредување на реформите во правосудството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Обраќање на Претседателот на Врховниот суд на РСМ, Беса Адеми, на Конференцијата за унапредување на реформите во правосудството

Соопштенија за јавност  |  30.3.2022
Претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, имаше воведно обраќање на Конференцијата на тема „Унапредување на реформите во правосудството – Како да се врати довербата во правосудниот систем?“ во организација на Блупринт групата за реформи во правосудството.

Претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, имаше воведно обраќање на Конференцијата на тема  „Унапредување на реформите во правосудството – Како да се врати довербата во правосудниот систем?“ во организација на Блупринт групата за реформи во правосудството.

Адеми во своето обраќање истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисока правосудна институција во државата ќе продолжи со заложбите за реформи насочени токму кон  интересот на граѓаните и кон враќањето на нивната довербата  во судството.

„Како Врховен суд, убедени сме дека доследната примена на стандардите и практиката на Европскиот суд за човековите права, како во секојдневното функционирање, така и во донесувањето на одлуките е најсигурниот пат за враќање на довербата во судството.

Сметаме дека градењето на довербата е процес на кој е потребно да се стави силен акцент во реформскиот процес. Но, секогаш треба да се има во предвид, дека тоа е процес кој не се гради само нормативно, туку и социолошки. Тоа е процес во кој граѓаните мора да препознаат искреност во намерите, но и искреност и чесност во постапувањето“, истакна, меѓу другото, претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, на Конференцијата.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_