Адеми - Гир: Активностите на Врховниот суд се добар пример за целото судство [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Адеми - Гир: Активностите на Врховниот суд се добар пример за целото судство

Новости  |  05.8.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, остварија работна средба во Врховниот суд.

Претседателката Адеми на работната средба истакна дека за Врховниот суд од големо значење е што активностите на највисокиот суд во државата се оценети позитивно во новиот Извештај за владеењето на правото на Европската Унија.

Позитивните оценки за Врховниот суд на Република Северна Македонија претставуваат континуитет на извештаите на Европската комисија последниве години и тоа е голем мотив да продолжиме со истите заложби и програмски цели. Остварувањето на препораките на Европската комисија е клучно за нашиот европски пат“, истакна Адеми, упатувајќи благодарност до амбасадорот за неговата посветеност и поддршката на ЕУ за владеењето на правото и независноста на судството.

Амбасадорот Гир нагласи дека иновативноста и креативноста на Врховниот суд е за поздрав, особено за прашањата кои се однесуваат отвореноста на судството, јавниот интерес и унапредувањето на судската практика, во кои спаѓаат и начелните ставови за транспарентност на предметите од јавен интерес, примената на Европската конвенција за заштита на човековите права и прашањето за здравата животна средина.

На средбата беше потенцирано и значењето од посетите на пониските судови низ целата држава од страна на претседателката на Врховниот суд, на кои се разговара за суштинските прашања во делот на финансиската независност, кадровска екипираност, ефикасност, отчетност и солидарност.

Во таа насока, на средбата беше истакнато дека Врховниот суд е добар пример за целото судство и дека позитивните оценки за Врховниот суд се јасен сигнал дека само со доследно почитување на европските стандарди и принципите за независно судство може да се оствари реформската и европската агенда.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_