Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  15.7.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 14.07.2022 година (четврток) одржа Општа седница, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Мартин Ераковиќ од Охрид, преку полномошник Христијан Спировски, адвокат од Охрид.

2. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Трговско друштво за транспорт шпедиција и трговија увоз-извоз „МТ ИНТЕРНАТИОНАЛ“ ДООЕЛ Охрид, преку полномошник Христијан Спировски, адвокат од Охрид.

3. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Благоја Пандовски, адвокат од Скопје.

4. Давање мислење по Предлог - Закон за помилување, доставен од Министерство за правда.

5. Расправа по Иницијатива за утврдување начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Седница на судии при Основен суд Кочани.

6. Давање мислење по предлог за измена на Методологијата со индикатори за утврдување на сложеноста на предметите.

7. Именување членови на Советот за одлучување по жалба, по барање за повторување на постапка по повод пресуда на ЕСЧП.

8. Именување членови на Советот за одлучување по жалбата изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.


По одржаната расправа, Општата седница:


По првата точката на дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата поднесена од Мартин Ераковиќ од Охрид, преку полномошник Христијан Спировски, адвокат од Охрид, за утврдување начелно правно мислење, не се усвојува.

По втората точка на дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата поднесена од Трговско друштво за транспорт шпедиција и трговија увоз-извоз „МТ ИНТЕРНАТИОНАЛ“ ДООЕЛ Охрид, преку полномошник Христијан Спировски, адвокат од Охрид, за утврдување начелно правно мислење, не се усвојува.

По третата точка на дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата поднесена од Благоја Пандовски, адвокат од Скопје, за утврдување начелно правно мислење, не се усвојува.

По четвртата точка на дневниот ред, даде позитивно мислење по Предлог - Законот за помилување, доставен од Министерство за правда.

По петтата точка на дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата поднесена од Седница на судии при Основен суд Кочани, за утврдување начелно правно мислење, не се усвојува.

По шестата точка на дневниот ред, даде позитивно мислење по предлогот за измена на Методологијата со индикатори за утврдување на сложеноста на предметите.

По седмата точка на дневниот ред, именуваше членови на Советот за одлучување по жалба, по барање за повторување на постапка по повод пресуда на ЕСЧП.

По осмата точка на дневниот ред, именуваше членови на Советот за одлучување по жалбата изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

 

Врховен суд на Република Северна Македонија


 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_