Претседателот на Врховниот суд оствари работна средба со Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд оствари работна средба со Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“

Новости  |  19.5.2023
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, денеска одржа работна средба со извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски.

 

На средбата која се одржа во Врховниот суд се говореше за повеќе актуелни прашања кои се однесуваат на унапредувањето на соработката помеѓу судските институции и граѓанските организации како значаен придонес за владеењето на правото, независноста на судството и заштитата на човековите права.

Исто така, на работната средба беа дискутирани и предлозите за Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, потребата од измени на законодавството од правосудната област, реформите во делот на процесните закони, унапредувањето на судската практика и примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права. Воедно, на средбата беше истакнато дека взаемната соработка и иницијативност се во насока на принципите и заложбите за отворено судство и на реализацијата на поставените реформски цели.

 

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_