Работна средба на претседателот на Врховниот суд и амбасадорот на Кралството Холандија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Работна средба на претседателот на Врховниот суд и амбасадорот на Кралството Холандија
На денешната средба се разговараше за тековните реформи во правосудниот сектор и улогата и придонесот на Врховниот суд на Република Северна Македонија во рамките на тој процес кој е од фундаментално значење за евроинтегративните аспирации.
Претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, нагласи дека Врховниот суд на Република Северна Македонија во согласност со Извештајот на Европската комисија ќе продолжи со своите заложби и активности за унапредување на судската практика со посебен фокус на утврдувањето на начелните ставови и правни мислења, ефикасното постапување по предметите од јавен интерес, конзистентноста на одлуките и унапредувањето на транспарентноста како примарна цел на Советот за отворено судство.
На средбата беше истакнато дека од суштинска важност за тековните реформи е практичната имплементација на стратешките документи, постапувањето по препораките на Европската комисија и меѓу институционалната соработка како важен фактор за исполнувањето на европските стандарди.