Соопштение за одржување на седница на Одделот за казниви дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на седница на Одделот за казниви дела

Соопштенија за јавност  |  25.1.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија, ќе одржи седница на Одделот за казниви дела на 31.01.2022 година (понеделник) со почеток во 12,00 часот, со следниот предлог на:

ДНЕВЕН РЕД

 

1. Усвојување на записникот од седница на Одделот за казниви дела одржана на ден 07.12.2021 година.

2. Расправа и анализа на предметите во казнивиот оддел од аспект на сослушување на сведоците во кривичните постапки и исклучувањето на јавноста (Бошкоски против Република Северна Македонија, А.бр.71034/13 од 04 јуни 2020 година, конечна на 04 септември 2020 година; Јаневски против Република Северна Македонија, А.бр.39259/15 од 19 ноември 2020 година, конечна на 19 ноември 2020 година; како и пресудата Пападакис против Република Северна Македонија, А.бр.50254/07 од 26 февруари 2013 година, конечна на 26 мај 2013 година).

3. Барање за донесување правно мислење по доставен одговор од Јавното обвинителство на РСМ КОЗ.бр.46/21 од 08.06.2021 година, во врска со донесени решенија на Основен кривичен суд Скопје за трошоци по член 102 став 4 и член 105 од ЗКП и АТ.

4. Барање за донесување правно мислење од Основен кривичен суд Скопје - Оддел за кривично полнолетни по прашањата: 1.„Која е правната квалификација кога се вперува сигнализационо звучен пиштол, или опасно орудие или НН оружје?“ 2.„Како да постапи првостепен суд кога за кривично-правен настан станува збор за друга правна квалификација за одредено кривично дело, кога судот не е врзан за правната оцена на делото?“

5. Барање за донесување правно мислење од Основен кривичен суд Скопје – Прекршочен оддел по прашањето: „Кој е надлежен да одлучи по жалба на посебно решение за трошоци во прекршочна постапка?“

6. Барање за донесување правно мислење од Основен кривичен суд Скопје - Оддел за кривично полнолетни по прашањето: „Кој суд е надлежен да постапува по барање за бришење на осуда?“

7. Барање за одржување работна средба во врска со примена на член 88 став 1 и 2 од Законот за возила и одредбите од Законот за прекршоците кога одговорното лице во странското правно лице е македонски државјанин, поднесено од МВР – Оддел за прекшоци – Сектор за прекршоци – за подрачјето на територија на РСМ.

8. Расправа по заклучок донесен на Работната средба на претставници на апелационите судови и Врховниот суд на РСМ за хармонизирање на судската пракса во месец октомври 2021 година, дека рокот од 30 дена за поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка од член 87 став 4 од Законот за прекршоците, е инструктивен рок.

9. Расправа по правно прашање на Апелациониот суд Битола: „Дали денот кога осуденото лице е ставено во екстрадиционен притвор во друга држава по претходно издадена меѓународна потерница од македонски суд, се смета за ден кога започнува извршувањето на казната затвор и од тој ден се утврдува дали настапила апсолутна застареност на извршувањето на казната затвор, согласно член 111 став 5 од КЗ.

10. Иницијатива за донесување правно мислење во врска со член 52 став 4 од Законот за локалната самоуправа, за искажано мислење на Градоначалник на општина на советот.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_