Врховниот суд постапува по предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Врховниот суд постапува по предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани
Новости
|
20.8.2024
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија достави мислење за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека денеска, 20.08.2024 година, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, до Врховниот суд достави мислење за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани.
Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, е должен да одлучи по конкретниот предмет во рок од три дена од доставувањето на мислењето од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.