Во Врховниот суд на Република Северна Македонија доставен е предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Во Врховниот суд на Република Северна Македонија доставен е предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани
Соопштенија за јавност
|
16.8.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека денеска, 16.08.2024 година Основен кривичен суд Скопје, Кривичен совет на Одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по службена должност до Врховниот суд на Република Северна Македонија, согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, достави правосилно решение КИОК-КС бр.180/24 од 08.08.2024 година, во врска со екстрадицијата на лицето Блерим Рамадани од Урошевац, Република Косово, по кое е оформен предметот на овој суд КР-32/24, кој преку АКМИС системот распореден е кај судија-известител за понатамошно постапување согласно законските надлежности.