Одржана работна средба на Врховниот суд со четирите апелациони судови [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одржана работна средба на Врховниот суд со четирите апелациони судови

Новости  |  26.6.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“ и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија одржа работна средба со судии од четирите апелациони судови во државата.

 

На работната средба се говореше за прашања во врска со унапредувањето на судската практика, како и за прашања кои се од значење за работата на судовите, со посебен акцент на потребата од финансиска независност, подготовката на проектите во делот на капиталните инвестиции, ефикасноста и ажурноста и унапредувањето на транспарентноста врз основа на заложбите на Советот за отворено судство.

За време на работната средба беа разгледани и дискутирани правни прашања од кривичната и граѓанската област и беа донесени заклучоци за усогласување на ставовите помеѓу судиите и воедначување на судската практика во постапувањето.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, истакна дека средбата е дел од широкиот спектар на активности кои Врховниот суд ги презема за унапредување на владеењето на правото и во врска со прашањата кои се разгледуваат при континуираните посети на пониските судови.

Една од тие активности е и унапредувањето на судската практика како двигател на правната сигурност. Преку унапредувањето на судската практика се дава важен и исклучителен придонес во конзистентноста на судските одлуки. Тоа говори за проактивноста на судовите кои покрај надлежностите кои ги извршуваат во согласност со Уставот и законите, потребно е да ја остваруваат и улогата на заштитник на човековите права и заштитник на принципите над кои се гради судската практика. Усогласувањето на судската практика треба да е активност која ќе се одвива континуирано бидејќи на таков начин се гради солиден судски систем и се зајакнува потребната соработка и комуникација помеѓу судовите“, нагласи Адеми.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_