Донесена пресуда за предметот Пуцко Петрол против Република Северна Македонија и Општина Карпош
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Донесена пресуда за предметот Пуцко Петрол против Република Северна Македонија и Општина Карпош
Советот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 7.3.2024 година донесе одлука за предметот Рев1-19/23, на тужителот Пуцко Петрол, против тужените РСМ и Општина Карпош, за раскинување на договор, враќање на исплатена купопродажна цена и надомест на штета.
Според пресудата, ревизиите на првотужениот и второтужениот, изјавени во делот за раскинување на договор, враќање на исплатена купопродажна цена и за надомест на штета, се одбиваат како неосновани.
Исто така, Советот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе и Решение со кое што ревизиите на тужителот и тужените изјавени во делот за испуштена корист, се усвојуваат, а второстепената пресуда ТСЖ 567/22 од 20.10.2022 година во тој дел се враќа на повторно одлучување пред второстепениот суд.