Претседателката на Врховниот суд се обрати на Годишната судиска конференција посветена на квалитетното правораздавање [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд се обрати на Годишната судиска конференција посветена на квалитетното правораздавање

Настани, Новости  |  03.4.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, се обрати на Годишната судиска конференција во организација на Здружението на судии и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

Темата на овогодинешната Конференција која традиционално се одржува по повод 31 март, Денот на македонското правосудство беше посветена на квалитетното правораздавање и враќањето на јавната доверба.

Во своето воведно обраќање, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, го истакна значењето на отвореноста, транспаретноста и квалитетот на судските одлуки како главен предуслов за јакнење на јавната доверба.

За угледот на судството, меѓу другото, еден од главните императиви е прифаќање на концептот на отворено судство, но и доследно почитување и применување на принципот на отчетност. Отвореноста на судството подразбира транспарентност во поглед на достапноста на информациите, но и транспарентност во поглед на вредносните правни прерогативи. Сржта на транспарентноста е токму во прифаќањето на вредностите кои значат градење на судски систем во кој граѓаните ќе го препознаат правораздавањето и донесувањето на судските одлуки во нивно име, но и во име на правдата“, истакна Адеми.

Претседателката на Врховниот суд истакна дека јавноста многу добро знае како да ја препознае борбата за независно судство и дека кога се во прашање начелата на владеењето на правото и начелата на правната држава не може да има калкулации, ниту демагогија.

Со постоење на таква практика се загрозува јавната доверба и се нарушува владеењето на правото. Тоа најдобро може да се види кога се работи за предметите од висок јавен интерес, бидејќи фокусот кон правдата е заснован на поширока општествена опсервација. Не можеме да дозволиме по предметите да не се постапува ажурно и ефикасно, а уште помалку како судска власт да не се произнесеме за законските решенија од областа на правосудството, особено за оние кои ги тангираат правните институти“, подвлече Адеми.

За квалитетното правораздавање како предуслов за јавната доверба потребен е и цврст личен интегритет. Интегритетот е најсилната гаранција за отпорност од несоодветни влијанија и токму интегритетот е браникот на владеењето на правото. Всушност, во тоа е и одговорот на прашањето како да се обвнови јавната доверба“, нагласи претседателката на Врховниот суд.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_