Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  24.11.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 23.11.2022 година одржа седница на Одделот за граѓански дела, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 06.10.2022 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец септември 2022 година;

3. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за воедначување на судската практика за правното прашање, дали во постапката за определување на надоместок за експроприран имот, судот може да определи надоместок за прирастоци на недвижноста (насади, градежни објекти и сл.) кои не се опфатени во решението за експропријација донесено од органот на управа и за кои не се вршела проценката;

4. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за воедначување на судската практика за правното прашањето, на која основица треба да се пресметуваат трошоците на постапката во спорови за издршка;

5. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за воедначување на судската практика за правното прашањето, во вонпарничната постапка за надомест за експроприрана недвижност, при утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште во смисла на член 12, односно пазарната вредност на земјоделско земјиште, шуми и пасишта во смисла на член 13 од Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, која година се смета дека и претходи на годината за која се врши процена на земјиштето, дали тоа е годината која и претходи на годината во која е извршена експропријација на земјиштето или годината која и претходи на годината во која се врши процената;

 

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

 

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 06.10.2022 година;

По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец септември 2022 година;

По третата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

По четвртата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

По петтата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање.

 

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

                                                                                       Оддел за граѓански дела

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_