Во Врховниот суд се одржа средба со делегација на Врховниот суд на Узбекистан
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Во Врховниот суд се одржа средба со делегација на Врховниот суд на Узбекистан
Средбата во Врховниот суд се реализираше во рамки на студиската посета на делeгецијата, посветена на родовата рамноправност во правосудниот сектор.
Заменик-претседателот на Врховниот суд, Цветанка Периќ, во своето обраќање истакна дека средбата преставува одлична можност за воспоставување на соработка со Врховниот суд на Узбекистан.
Во таа насока, заменик-претседателот на Врховниот суд говореше за работата, положбата и надлежноста на Врховниот суд и се осврна кон прашањето за родовата рамноправност.
„Самиот факт дека во Врховниот суд има доминантен број носители на раководни позиции, како што се претседател на суд, заменик-претседател на суд, на оддели и на раководни места во администрацијата, покажува дека во Врховниот суд се надминати стереотипите дека носители на одлучувачките функции се мажи и дека нема не само законски, туку и нема и реални пречки жените да бидат поставени и на повисоки позиции“, истакна Периќ.
Санобар Мамадалиева, судија на Врховниот суд на Узбекистан, посочи дека за родовата рамноправност во судството во Узбекистан се реализираат повеќе активности за подобрување и унапредување на состојбата и дека една од позначајните заложби во таа насока е формирање на Здружение на жени-судии кои ќе ги промовира декларираните цели.
Мамадалиева подвлече дека искуствата за родовата рамноправност на Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе бидат од голема корист и дека од исклучителна важност во иднина ќе биде меѓусебната соработка на двата врховни суда.